Американскиот милијардер Илон Маск е загрижен дека САД немаат стратегија за излез од конфликтот, туку само укажуваат на вечна војна. Вака американскиот бизнисмен ја коментираше одлуката на Претставничкиот дом на САД да одобри нов пакет помош за Украина.
Илон Маск ја коментираше објавата на бизнисменот Дејвид Сакс на Х, во која тој пресмета дека доделената помош, која се рекламира како „спасување на Украина“, би била доволна за точно половина од контраофанзивата на Вооружените сили на Украина минатото лето , што на крајот не успеа.
„Она што најмногу ме загрижува е тоа што нема стратегија за излез, само вечна војна во која млади луѓе умираат во рововите од артилериско гранатирање, од митралези и снајперисти или на мински полиња“, напиша Маск во коментарот.
Маск коментираше и друга објава во која Сакс забележува дека демократите во Конгресот гласаат за доделување американски пари и веат знамиња на други земји, т.е. на Украина, нарекувајќи се себеси патриоти, додека оние кои се залагаат за заштита на сопствените граници ги нарекува „агенти на странско влијание“, пренесува РТ Балкан.