Маск основа мистериозна корпорација која има име исто како и екстремна теорија на заговор

од Milan1
48 прегледи

Републиканскиот мегадонатор Илон Маск тивко основал две нови компании кои би можеле да сигнализираат негов посилен влез во американската политика, дознава Форбс. Мистериозните ентитети биле основани во Тексас, на истата адреса како и неговата компанија за управување со богатство. Тие се нарекуваат „United States of America Inc“. и „Group America“.

Нема многу детали за да се објасни нивната цел, но се чини дека станува збор акционерски друштва, кое го именуваат Маск како единствен директор. Претставниците на Илон Маск не одговорија на барањето за коментар.

Поддршка за Трамп

Во последниве месеци, овој технолошки магнат беше гласен поддржувач на Трамп. На минатонеделниот предизборен митинг тој се качи на бината, а сега патува низ клучната држава Пенсилванија во име на поранешниот претседател. Маск стана и еден од најголемите донатори на кампањата на Доналд Трамп, односно донираше 75 милиони долари во кампањата.

Иако тој официјално го поддржа дури во јули, нарекувајќи го „маченик“ по обидот за атентат, Маск наводно со години ги финансира републиканските политички каузи.

За разлика од јавните донации за Американскиот политички комитет, Маск донирал милиони долари на конзервативни здруженија за рекламни кампањи преку ДОО што се користи за финансирање на групи кои не мораат да ги откриваат своите донатори со закон, објави „Волстрит журнал“.

Пред две години, 50 милиони долари на Маск наводно завршиле во организацијата „Citizens for Sanity“, која е одговорна за серија реклами кои ги напаѓаат правата на трансродовите, како и криминалот и имиграцијата, а се поврзани со поранешниот соработник на Трамп, Стивен Милер.

Новите компании на Маск не се наведени во пријавите на Федералната изборна комисија, што го прави невозможно да се каже дали тие биле користени за примање или за давање средства за кампањата. Најновите извештаи го покриваат третиот квартал, кој не го вклучува октомври, кога беа основани компаниите на Маск.

Како и многу други познати поединци, Маск користел друштва со ограничена одговорност и компании за да скрие некои од неговите активности.

Теорија на заговор

Интересно е што „United States of America Inc’. дели име со теоријата на заговор што се прошири низ американската крајна десница.

Некои екстремисти и поединци кои тврдат дека се „надвор од владината јурисдикција“ веруваат дека САД се тајно реорганизирани како профитна корпорација заснована на погрешни толкувања на законот од 1871 година со кој е основан округот Колумбија.

Рајан Банди, синот на Клајвен Банди, чија насилна конфронтација со агентите на федералната полиција во 2014 година стана симбол на движењето, ја тужеше американската влада и го употреби терминот „United States of America Inc“. Пред три години следбениците на озлогласениот „QAnon“ го рециклираа ова тврдење и почнаа да ја шират неточната теорија дека инаугурацијата на претседателот Бајден всушност не била легитимна.

Изгледа дека Маск не ја прифатил, па дури и не ја коментирал оваа теорија, и нема докази кои сугерираат дека таа е на било кој начин поврзана со оваа нова компанија. Сепак, му беа испратени неколку десетици твитови со зборовите „United States of America Inc“. од сметките на корисниците кои веруваат во таа идеологија.

Политички амбиции

Маск вложува многу напор за да влијае на американската политика, и јавно и зад затворени врати. Неговиот политички комитет „Америка“ побара донации од инвеститорите од Силиконската долина, а комитетот сега вели дека ќе им плати на оние граѓани кои ќе ги убедат гласачите во клучните држави да потпишат петиција за поддршка на Првиот и вториот амандман на Уставот на САД.

Претходно оваа година, тој тајно финансираше кампања против окружниот обвинител во Тексас, давајќи пари за реклами во кои се тврдеше дека обвинителот „ги полни улиците на Остин со педофили и убијци“, објави Волстрит журнал.

Друга можност е новите компании на Маск да имаат врска со неговите планови за вториот мандат на Трамп. Трамп минатиот месец рече дека Маск предложил да се формира владина комисија за ефикасност за „целосно да се елиминираат измамите и несоодветните плаќања“ со темелна ревизија на федералните агенции. „Тоа е многу потребно“, рече Маск.

Слични содржини