Маж на „диво“ се приклучил на броилото за струја на соседите, кои биле во странство, и им ја крадел струјата

од Milan1
36 прегледи

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Т.Ш.(30) од дебарското село Аме поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Тој на „диво“ се приклучил на броилото за струја на соседите, кои биле во странство, и им ја крадел струјата.

„При извршени контроли, екипи на ЕВН констатирале дека пријавениот неовластено извршил приклучување на електрично броило од куќа чии сопственици биле во странство, со што им предизвикал материјална штета од 34.523 денари“, пишува во полицискиот билтен.

Слични содржини