Mаж на 50-годишна возраст е однесен во болница откако синоќа бил сериозно нападнат за време на неред во јужниот дел на главниот град на Северна Ирска.
Сведоците пријавиле дека виделе напаѓачи газеле на неговата глава, соопшти полицијата пренее Би-би-си.
Неговата состојба е опишана како сериозна, а полицијата го третира инцидентот како расно мотивирано злосторство од омраза.
Нападот се случи во областа Донегал Роуд, во близина на Сенди Роу, каде што полицајците исто така беа под „жесток напад“ во текот на неколку часа. Кон полицијата беа фрлени молотови коктели, тврди предмети и џигли.
За време на сериозното нарушување, полицајците исфрлија два проектили за разбивање на толпата, при што едниот бунтовник беше погоден по раката.
15-годишно момче е уапсено под сомнение за немирно однесување и останува во полициски притвор.
Министерот за заедници на Северна Ирска Гордон Лајонс рече дека „нема никакво оправдување“ за насилството: „Треба да престане и треба веднаш да престане“.