Маж од Пробиштип осомничен дека ја запалил влезната врата од станот на сограѓанин

од Milan1
30 прегледи

Полицијата вчера го приведе 38-годишник (Ј.Ј.) од Пробиштип кој се сомничи дека со запалива течност предизвикал пожар на влезната врата и предмети пред влезната врата од станот сопственост на Н.В.(46).

– Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од сопственикот, објави МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува пријава.

Слични содржини