Маж од тетовско пукал со воздушна и погодил жена

од Milan1
13 прегледи

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Р.(46) од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 17.03.2025, пријавениот со пневматска пушка испукал проектил, при што ѝ нанел повреда на Ќ.Р. од Тетово. Тој бил лишен од слобода, а одземена му била пушката, дозволата за оружје и кутија со дијаболи“, велат од МВР.