Маж се држел помеѓу вагони на воз кој возел со 282 километри на час и преживеал

од Milan1
21 прегледи

Унгарец кој се закачил за надворешната страна на брз воз во Германија, кој се движел со брзина до 280 километри на час, бил неповреден и е обвинет за некупување билет и за попречување на сообраќајот.

Полицијата соопшти дека 40-годишниот Унгарец се качил во воз за Либек во Минхен во четвртокот без билет, а потоа излегол од возот за да испуши цигара на станицата во Инголштад, на околу 70 километри северно од Минхен.

Се вели дека кога Унгарецот забележал дека возот ја напуштил станицата, скокнал на спојката меѓу два вагони и се држел за сајлите додека возот забрзувал до 280 километри на час.

Луѓето на платформата повикале полиција, а машиновозачот го запрел возот во градот Киндинг, кој се наоѓа на околу триесетина километри северно од Инголштад.

Човекот и рекол на полицијата дека скокнал на воз во движење бидејќи неговиот багаж бил оставен во возот.

Слични содржини