696
Околу 9 часот и 40 минути пред зградата на хрватската Влада на плоштадот Свети Марко, во Загреб непознат маж се полил со бензин и се запалил. Во Горњи Град одекнуваат итни и полициски сирени, а состојбата на повредениот се уште не е позната, јавува „Јутарњи лист“.
Сведокот за „Јутарњи“ изјавил дека видел човек како се полева со течност во непосредна близина на зградата на Владата и дека бил видно расеан.
За тој потег многу брзо било известено обезбедувањето, а кога повторно се свртеле кон мажот за да тргнат кон него и да го легитимираат, тој веќе бил зафатен од огнот.
„Според првите информации лицето се запалило, а на лице место е испратена итната помош. Во моментов се утврдуваат сите околности на настанот“, велат од хрватската полиција.