Маж скокнал од амбулантно возило придружувано со полиција: Го удрил автомобил и починал на лице место

од Илинка Илиоска
822 прегледи

Жител од Баточина идентификуван како Б.Г. (42) вчера починал кога излетал од амбулантно возило, а во него удрил друг автомобил кој возел одзади. Тој бил придружуван од полициски службеници, а бил пренесенуван од Клиничкиот центар во Крагуевац во Специјалната психијатриска болница во Горња Топоница кај Ниш.

Несреќата се случила вчера околу 17 часот на автопатот кај рудниците Алексинац.

„Со возило на Брза помош требаше да биде префрлен во Психијатриската болница во Горња Топоница. Но, тој се вознемирил и излетал од амбулантно возило на патот, го удрил автомобил и починал на лице место“, соопшти Основното јавно обвинителство Алексинац.

Од Обвинителството велат дека е извршена истрага и дека судскиот вештак на лице место констатирал смрт и наредил прибирање информации од учесниците на настанот, вршење на вонреден технички преглед на Брза помош, алкотест на учесниците на настанот, како и обдукцијата со токсикологија на повредениот.

Слични содржини