Мечка нападна човек

од Milan1
414 прегледи

Мечка нападнала и повредила човек на возраст од 55 години во гостиварското село Бродец, пишува локалниот портал Гостивар Прес.

Немилиот настан се случил вчера околу 13 часот и 30 минути и е пријавен во полиција. Според извори на порталот, мечката се нафрлила врз човекот, го фатила за нога и го влечела, а се спасил благодарение на овчарски кучиња.

На нападнатиот, кој не бил од селото, му била укажана лекарска помош, пишува Гостивар Прес.

Планинското село Бродец се наоѓа на околу 35 километри од Гостивар, на надморска височина од околу 1.450 метри, во близина на изворот на реката Радика.

Слични содржини