201
Странски турист утрово бил нападнат од мечка во општина Дро, во областа Трентино во северна Италија. Повредениот е пренесен в болница со повреди на екстремитетите.
Надлежните истражуваат за да утврдат што точно се случило. Италијанските медиуми јавуваат дека во околината неодамна била забележана мечка – женка, со младенчиња.
Од 2014 година во Трентино се забележани неколку напади на мечки врз луѓе.