26
– Неименувана жена е во критична состојба откако била нападната од кафеава мечка во близина на Шкофљица, соопшти денес словенечката полиција.
Мечката се повлекла во шумата по нападот, а жената е однесена во Клиничкиот центар во Љубљана, каде што се бори за живот, објавува ТВ Словенија.
Властите им советуваат на граѓаните да избегнуваат одење во шумските области во пошироката област Шкофљица, но доколку одат, да бидат исклучително внимателни и да обрнат внимание на сопствената безбедност.
Инцидентот се случил само неколку дена откако словенечките власти го одобрија убивањето на 206 кафеави мечки, чија популација во областа порасна на околу 1.000 мечки.
Два напади од мечки врз луѓе се регистрирани во 2022 година, според агенцијата СТА.