Медински: Можна средба Путин-Зеленски

од Milan1
248 прегледи

Советникот на Путин Владимир Медински рече дека разговорите меѓу двете земји биле многу конструктивни.

Тој рече дека е можна средба меѓу рускиот претседател и украинскиот лидер Володимир Зеленски доколку министрите за надворешни работи на двете земји потпишат прелиминарен мировен договор.

Тој се осврна на изјавата на Фомин за намалување на воените активности на подрачјето на Киев и Чернихив.

„Овие два потези претставуваат деескалација на конфликтот“, рече тој.