Меџити до Ахмети: Албанците си го добиваат својот дел, ова е првпат една Влада да не прави разлики

од Milan1
20 прегледи

Заменик-претседател на Владата, Изет Меџити одговори на обвинувањата на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, кој пред неколку дена рече дека актуелната власт ги понижува Албанците и ја покани коалицијата ВЛЕН да излезе од владата.

Меџити истакна дека актуелната Влада не прави разлики при распределбата на буџетот за инвестиции по општините, како што правеше претходната влада

„Албанците добиваат многу удел во буџетот на Република Северна Македонија. Значи, добиваат некаде околу 30 милиони евра само во оваа половина година, а тоа го добиваат и општините кои не се ВЛЕН, а се ДУИ. И да ги седнете без камери и искрено да разговарате, велат подобро ни било кога ДУИ е во опозиција отколку кога ДУИ била во Влада. Изненадени сме што немаме проекти толку колку што Владата обезбедува средства за реализација на конкретни проекти за граѓаните. Ова е првпат една Влада да не прави разлики, како што тие тоа го правеа во минатото со Чаир и Тетово, кои беа единствени од 80 општини што не добија ниту еден денар од буџетот на Северна Македонија. Ние не го правиме истото, ние ги третираме општините без оглед на припадноста, бидејќи таму се нашите граѓани, ние сме за граѓаните, и тие градоначалници се избрани од граѓаните,“ изјави Меџити.

Слични содржини