Меџити со порака: Да се ​​грижиме за здравјето на жените и важноста од раната дијагноза на ракот на дојка

од Milan1
28 прегледи

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествуваше на симболичниот марш организиран по повод месецот за подигање на свеста за ракот на дојката. Тој рече дека ова е важен ден, повик за свест и надеж, порака за солидарност која не прави да застанеме покрај оние кои храбро се борат.

„Октомври е месец за подигање на свеста за ракот на дојка – силен повик да се грижиме за здравјето на жените и важноста од раната дијагноза. Денеска заедно со Форумот на жените на Демократското движење се приклучивме на симболичен марш да го одбележиме овој месец и да им дадеме поддршка на сите кои се соочуваат со оваа болест“, истакна Меџити.

Првиот вицепремиер Меџити потсети дека редовните контроли и раното откривање се одлучувачки чекор на патот кон победата над оваа болест.

На крајот, тој ја пренесе пораката да се грижиме, да поддржиме и да дадеме надеж на секоја жена која денес се соочува со овој предизвик.

Една таблета пред спиење ќе ви помогне да изгубите до 15 килограми за 2 недели!

Што да направите ако на телото се појават папиломи, брадавици, „бенки“ или црвени дамки?

Годините, бучавата, повредите на ушите и тинитусот го оштетуваат слухот. Постои докажано решение – без уреди и операции.

Слични содржини