Медведев казнет пред големото финале против Надал

од Vladimir Zorba

Утре наутро ќе дознаеме кој ќе биде новиот шампион на Австралија опен. Во тој меч од 09.30 часот по наше време ќе се сретнат Данил Медведев и Рафаел Надал, каде што Шпанецот ќе има шанса да избие на првото место по бројот на освоени Гренд слем титули.

Организаторите пред мечот го казнија рускиот тенисер, а тој ќе мора да плати 10.750 евра поради тешките зборови кои ги упати до судијата на мечот против Стефанос Циципас.

Да потсетиме, Медведев полуде во петокот откако го загуби вториот сет, а причината е наводен „коучинг“ или давање совети од страна на таткото на Гркот.

– Неговиот татко зборува на секој поен. Дали си глупав? Неговиот татко зборува на секој поен! О Боже! Ти си толку лош човеку! Како можеш да бидеш толку лош во полуфиналето на Гренд слем – извика Медведев, а потоа го нарече судијата „мала мачка“ – што е навредливо на англиски.

Ќе видиме дали ова ќе го размрда Русинот или само ќе му даде дополнителна сила да тргне кон нова Гренд слем титула.

Слични содржини