247
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев најави „огномет“, во германската фабрика „Рајнметал“ во Украина.
„Германскиот концерн „Рајнметал“ ја пушти во употреба првата од четирите воени фабрики во Украина. Како што претходно ветивме, со нетрпение го очекуваме празничниот руски огномет токму во фабриката“, напиша Медведев на својот канал Телеграм со видео од експлозијата.
Кремљ постојано предупредуваше дека странската воена опрема и персонал ќе бидат легитимна цел на вооружените сили на Русија.
Москва ги повика НАТО и западните земји да престанат да го поттикнуваат конфликтот со испраќање оружје и платеници, како и со помош на воената машинерија на Украина.