Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев се осврна на изјавата на францускиот министер кој најави дека ЕУ ќе започне економска војна против Русија.
„Денеска еден француски министер рече дека и објавиле економска војна на Русија. Внимавајте на јазикот, господа! И не заборавајте дека во историјата на човештвото, економските војни често се претворија во вистински“, рече Медведев.
Францускиот министер за економија, финансии и закрепнување Бруно Ле Мер изјави дека земјите од Европската унија (ЕУ) имаат намера да започнат сеопфатна економска војна против Русија.
Ќе започнеме сеопфатна економска и финансиска војна против Русија“, рече францускиот министер за финансии. „Рускиот народ ќе плати за неговите последици“, рече тој.