228
Продолжувањето на политиката на Запад за „пумпање“ оружје во Украина и спречување на каква било можност за преговори со Русија се заканува со глобална нуклеарна катастрофа, смета заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Во напис за весникот „Известија“, Медведев оцени дека ако сериозно се постави прашањето за постоењето на самата Русија, тоа нема да се реши „на украинскиот фронт, туку заедно со прашањето за продолжување на постоењето на целата човечка цивилизација“, пренесува Интерфакс.
„И не треба да има нејаснотии. Не ни треба свет без Русија“, напиша Медведев.