Најголемиот оперативен кран на источниот брег на САД беше позициониран во пристаништето Балтимор денеска и е подготвен да започне со расчистување на остатоците од мостот Френсис Скот Ки, кој се урна во вторникот кога товарниот контејнерски брод „Дали“ удри во потпорен столб.
Кранот, кој може да подигне до 1.000 тони товар, најверојатно ќе почне да ги извлекува остатоците од структурата на мостот од реката Патапско во сабота наутро, изјави денеска портпаролката на американската крајбрежна стража Кармен Карвер.
Втор, сличен кран е на пат за Балтимор и се очекува да пристигне наскоро за да се приклучи на операцијата за отстранување на делови од срушената конструкција на мостот.
Мостот Френсис Скот Ки бил изграден во 1972 година, бил долг околу три километри и имал четири сообраќајни ленти на висина од 56 метри над реката.
Отворен за сообраќај во 1977 година и го добил името по Френсис Скот Ки, кој ја напишал американската химна во 1814 година прославувајќи ја американската победа над Британците во битката кај Балтимор.