Меган и Хари им одговорија на хејтерите: „Нема да не скршите“

од Radmila Tasevska
527 прегледи

Откако Меган Маркл и принцот Хари ја лансираа својата нова веб-страница, екипата на Твитер не престанува да се потсмева со нив. Меган не беше нималку скромна во биографијата, а во првите реченици себеси се нарекува шампион во борбата за човекови права и родова еднаквост.

На многумина не им се допадна тоа што решија, и покрај ветувањето на покојната кралица, да имаат финансиска корист од титулата и името во Сасекс. „Една жена го стави својот кралски грб на страницата. Грб на семејство кое наводно е расистичко“, напишаа твитерџиите. Хари и Меган решија овој пат да реагираат.

„Не знам колку пати сме слушнале одново и одново дека одредени можности биле добри или лоши за нив. Но, тие сè уште се тука. Тие сè уште го прават и го следат она во што веруваат, и покрај тоа што постојано не предизвикуваат и критикуваат. Нема да не скршите“, порачаа преку нивниот портпарол.

Слични содржини