Меган и Хари одат на турнеја во есен

од Vladimir Zorba

Принцот Хари и неговата сопруга Меган ќе ги посетат оваа есен Австралија, Фиџи, Тонга и Нов Зеланд. Ова е нивна прва официјална турнеја во странство по нивната венчавка во мај. Патувањето ќе се совпадне со Invictus Games спортскиот натпревар, лансирани од Хари, меморијал за повредените и инвалидите од последните војни или неодамнешни вооружени конфликти. Тие се организираат оваа есен во Сиднеј.

“Војводата и војвотката на Сасекс ќе направат официјална посета на Австралија, во Фиџи, во Кралството Тонга и во Нов Зеланд во есен”, пишува во официјалното соопштение на Кенсингтонската палата – официјалната резиденција на двојката. Четирите земји се членки на Комонвелтот, порано позната како Британска заедница. Во неговите помлади години, принцот Хари е младински амбасадор во организацијата. Оваа прва официјална посета потсетува  на првите чекори како двојка на родителите на Хари – Дијана и Чарлс, кои исто така некогаш почнаа со Австралија и Нов Зеланд.

Триесет и три годишниот Хари и 36-годишната поранешна американска актерка Меган си кажаа “да” на 19 мај во катедралата “Св. Ѓорѓи” во Виндзор за време на церемонијата која беше емитувана на телевизиските мрежи во целиот свет.

Слични содржини