Меган ја отвори душата: „Беше скоро невозможно да се преживее“

од Vladimir Zorba

Минатиот викенд во гостување на „Teenager Therapy Podcast“, проект на пет тинејџери од Калифорнија, војвотката од Сасекс Меган Маркл и принцот Хари открија детали за борбата против проблеми со менталното здравје. Нивната појава беше по повод Светскиот ден на менталното здравје, а за подкастот дознаа преку Њујорк Тајмс.

– Ми рекоа дека сум „најтролана“ личност на светот во 2019 година. Осум месеци не сум се појавила никаде. Бев на породилно отсуство со бебето, но фактот дека тоа беше успешно произведено и составено за медиумите … беше скоро невозможно да се преживее. Не ми е гајле дали сте 15 или 25, дали луѓето кажуваат работи што не се точни, последиците по менталното и емоционалното здравје се поразителни – искрено зборуваше Маркл и откри што и помага. – Водењето дневник е многу моќна работа. Ми овозможува да размислувам и да видам од каде потекнувам – тврди Меган, додавајќи дека и мајчинството помага.

Хари откри и дека се обидува да не чита ништо што ќе напишат за него и Меган, но и да медитира.

– Медитацијата е клучна. Никогаш не помислив дека ќе можам да го сторам тоа – вели принцот, притоа најавувајќи дека мажите треба да бидат отворени во однос на своите чувства и да не се плашат да бидат ранливи – особено имајќи ги предвид предизвиците што ги носи кризата со коронавирусот.

-Како што реков, знак на сила е да се зборува за тоа“, тврди Хари, додавајќи дека тој и Меган имаат подобри и полоши денови кога се соочуваат со негативен публицитет, особено откако го напуштија кралското семејство.

– Секој од нас има ситуации со кои треба да се соочи, рече принцот.

Наскоро ќе се врати во Велика Британија за да се сретне со својата 94-годишна баба, кралицата Елизабета Втора. со која ќе разговара за коментарите што ги даде на видео, во пресрет на изборите во САД минатиот месец, кога им порача на американските гласачи да излезат на гласање.

Да потсетиме, на виртуелниот самит на „Fortune“ одржан минатата недела присуствуваше актерката Меган Маркл, која се приклучи на самитот на магазинот „Fortune“ со видео повик од нејзината вила во Санта Барбара, чија вредност се проценува на 14 милиони долари.

Експертот за говор на тело, Брус Дурам го анализираше говорот на телото на сопругата на принцот Хари и издвои неколку факти што го привлекоа вниманието на британските медиуми. Тој рече дека војвотката од Сасекс покажала знаци на незадоволство кога за време на самитот и било кажано дека не е единствената моќна жена во светот.

Имено, уредничката на „Fortune“, Елен Мекгирт, разговарајќи со актерката, рече дека таа не е единствената моќна жена во ова општество, а Дурам вели дека Меган во тој момент покажала знаци на непријатност. Тој додаде дека нејзините гестови и говорот на телото откриваат дека не била целосно искрена.

– До моментот кога и рече дека не е единствената моќна жена, уредникот на списанието ја фалеше Меган, а кога и го рече тоа, Меган некако го сфати тоа како закана. Во тој момент ја поправа косата и се обидува да се прилагоди на положбата во која сака да изгледа силно, а тоа се знаци дека нејзиното его дивее во тој момент – изјави Дурам.

Тој додаде дека со спомнувањето дека не е најмоќна, нејзиниот врат почна да се затегнува и не и се допаѓало тоа што го слушнала. Во интервјуто за уредникот на списанието Меган истакна дека не и се допаѓа тоа што медиумите честопати погрешно ги претставуваат нејзините изјави и вели дека тогаш сè изгледа поинаку од она што таа навистина го вели, додавајќи дека не ја интересира што пишува за неа во медиумите.

На ова Дурам тврди дека актерката не е искрена кога го кажува ова затоа што нејзините гестови – усните и треперат и погледот не е насочен – велат дека лаже.

Слични содржини