Со внимание ги следиме состојбите во Република Македонија и нивното влијание врз младите, особено движењата на средношколците. Во нашата работа како организација за заштита на правата на децата секогаш кога постојат две тн. спротивставени страни сметаме дека најважно е воспоставувањето комуникација, всушност тоа се први чекори кон можната посакувана промена. Да не судиме туку да ги препознаеме обидите за манипулации како што се заканите и навредите, да ги воочиме и да промениме. Значи, тоа е можно само доколку се воспостават контакти меѓу двете “страни” и со започнување или одржување комуникација.

7999CF70FEDCF245B96A725083F037C6

 

Сметаме дека е важно Средношколската унија на Македонија и Средношколскиот пленум да разговораат како партнери и да изнајдат заедничко решение за излез од состојбата која доколку не се реши навреме може и да ескалира со несакани последици, што никој всушност и не го посакува или пак да резултира со гаснење на надежта кај младите дека се можни промените и дека генералната партизирана подвоеност на општеството е иста и кај младите….

Младите можат да се сослушаат и да разговараат конструктивно, почитувајќи ги различните ставови и мислења или да заземат партиски и други позиции на “моќ” и со заплашување да ги отфрлат барањата на другата страна.

Исто така не помалку важно е да се спречи злоупотребата на овие случувања во политички цели, а особено не за партиски интереси.

Во поглед на Законот за заштита на децата особено се значајни Член3 – а и б, кои што покрај другото ги истакнуваат заштитата на најдобриот интерес на детето…исклучување на каква било форма на дискриминација, почитување на правото на детето на слобода и безбедност на личноста, на сопствено мислење и слободно изразување…како и одговорноста на државатада го обезбедува правото на детето да го изрази сопственото мислење за сите прашања кои сео днесуваат на него и намислењето на детето да му биде посветено должно внимание во согласност со годините на живот и зрелоста на детето…

Како организација која се грижи за правата на децата би сакале уште еднаш да го нагласиме правото на здружување на децата и нивната слобода на изразување како и гарантирање на сигурноста и безбедноста на децата кога учествуваат во протестирање. Правото на слобода на здружување и слобода на изразување го опфаќа во себе и правото на протестирање. Правото на мирен протест е едно од основните права на човекот преку кое тој може да го изрази своето мислење за задоволство и незадоволство. Вклученоста на децата во протести, преку формални или неформални здружувања, за прашања кои се од нивно значење водат кон тоа децата да имаат директно влијание врз политички промени и креирање политики кои се однесуваат на теми од нивно значење. Децата треба да се препознаат и да се признаат како група која има право на протест и право да им се овозможат услови за тоа, како и да се гарантира нивната безбедност во текот на оставарување на тоа право односно на здружувањето и мирното собирање.Но исто така доколку во текот на остварување на ова право тие се соочуваат со закани по нивната безбедност, организаторот на протестот има обврска да преземе мерки за безбедноста за децата кои се вклучени како и за останатите граѓани и да побара поддршка во истото од државните органи, а доколку истата на је побара кај државните органи постои обврска да преземат превентивни мерки.

Уште еднаш потсетуваме дека Република Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на детето (КПД) и други меѓународни документи со кои на децата им се гарантираат и правата кои спаѓаат во групата на граѓански и политички права и важноста на детско/младинското учество особено во процесите на одлучување за прашања кои се важни за нив. КПД му го признава правото на детето односно малолетните лица на учество/партиципација, што значи тие да бидат слушнати и консултирани за работи и одлуки кои се од нивен интерес! Правото на партиципација експлицитно е потенцирано во членовите 15 (слобода на здружување и мирно собирање) и член 12 од КПД како слобода на изразување на сопственото мислење и право истото да се земе предвид во сите постапки кои се однесуваат на детето и кои се од негов интерес.

Интегрален текст

Слични содржини