Исламска државата изгубила стотици милиони долари од бомбардирањето на локациите каде ИСИС ги чува парите, а кое меѓународната коалиција го започна против терористичката група во Ирак и Сирија, изјави портпаролот на коалицијата полковник Стив Ворен.

terrorists-finance1

Во последниот викенд авионите нанеле удар на 10 згради во кои организацијата складирала готовина.
“Немаме точни податоци, но сметаме дека загубите изнесуваат стотици милиони долари”, посочил Ворен.
Веќе неколку недели ударите на коалицијата се концентрирани токму врз касата на “Исламска држава” со цел намалување на финансирањето на џихадисти.

Слични содржини