Меѓународниот кривичен суд: Монголија треба да го уапси Путин ако дојде во посета на земјата

од Milan1
92 прегледи

Властите на Монголија имаат обврска да го уапсат рускиот претседател Владимир Путин ако тој дојде во посета на земјата, објави Меѓународниот кривичен суд. Најавено е Путин да ја посети Монголија во вторник, што ќе биде првото патување во земја која го почитува Меѓународниот кривичен суд, по нареденото апсење во март 2023 година.

Судот смета дека Путин е одговорен за воени злосторства, и дека не спречил незаконски депортации на деца од Украина во Русија од почетокот на војната.

Кремљ, пак, соопшти дека очекува Путин да не биде уапсен.

„Имаме одличен однос со нашите партнери од Монголија. Се разбира, сите аспекти од посетата ќе бидат внимателно подготвени“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Слични содржини