Сепаратистичките сили во Доњецк и Луганск и украинската војска продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за прекршување на примирјето во источна Украина.
Според Алексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, сепаратистите го следат сценариото напишано во Москва.
Претседателот Володимир Зеленски по враќањето од Минхенската безбедносна конференција се сретна со претставници на органите за спроведување на законот. Тој беше запознаен со најновите информации од проблематичниот регион, a се разговарало за можни сценарија за развој на настаните.
Зеленски телефонски разговараше со францускиот колега Емануел Макрон. За денеска е планиран разговор меѓу Макрон и претседателот Путин.
Пред неколку часа стана јасно и дека НАТО ги преместува своите канцеларии од Киев во Л`вов, град во западна Украина. Некои вработени се повлечени во Брисел. Алијансата соопшти дека ова е направено за да се обезбеди нивната безбедност.
Во Л`вов се одржаа демонстрации за да се покаже единство, и покрај стравувањата од руска инвазија.