Мекенани: Трамп ќе присуствува на сопствената инаугурација во јануари

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

На прашањето дали актуелниот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден во јануари, портпаролот на Белата куќа, Кејли Мекенани, рече дека смета оти Трамп ќе присуствува на сопствената инаугурација.

Иако официјалните резултати потврдија дека демократскиот кандидат Џо Бајден е победник на претседателските избори на 3 ноември, администрацијата на Трамп продолжува да го негира тоа.

Мекенани беше гостин во програмата Фокс Бизнис, каде што еден новинар ја праша дали претседателот Трамп планира да присуствува на инаугурацијата на Џо Бајден, закажана за јануари 2021 година, на што таа даде интересен одговор:

„Мислам дека Трамп ќе присуствува на сопствената инаугурација. Тој мора да биде присутен затоа што ќе даде своја заклетва“.

На прашањето дали ќе има непречена транзиција со тимот на Бајден, американскиот државен секретар Мајк Помпео исто така одговори: „Тоа ќе биде непречена транзиција кон вториот мандат на администрацијата на Трамп“.

Слични содржини