143
Популарниот холивудски актер Метју Меконахи вчера за прв пат одржа повеќечасовна онлајн програма наречена „The Art of Living“ (Уметноста на живеењето), каде истакна дека се уште не го достигнал својот вистински потенцијал во животот и кариерата.
Програмата во живо, бесплатна за корисниците преку неговиот канал на YouTube и страницата на Facebook, од неговиот дом во неговиот роден град Остин, Тексас, започна во 10 часот во американската временска зона, а неколку часа познатиот актер, добитник на Оскар, за прв пат се претстави како мотивациски говорник.
Меконахи сакаше да го извлече максимумот од своите обожаватели.