Во понеделникот мексиканската влада испрати извинување до домородното население на Маите за долгогодишно злоставување и дискриминација, по повод годишнината од битката во 1901 година, со кој заврши еден од последните бунтови на домородците во Северна Америка.
Церемонијата се одржа во малиот град Тихосуко во општината Фелипе Кари Carо Пуерто, центарот на бунтот на домородното население, познат по својата историја како „престолнина на Маите“.
„Со векови, овие луѓе трпеа експлоатација и злоупотреба. Денес, ние препознаваме нешто што долго време го негиравме – грешки и неправди направени врз народот Маите“, рече мексиканската министерка за внатрешни работи Олга Санчез Кордеро.
A nombre del Estado Mexicano, el Presidente @lopezobrador_ ha pedido #PerdonAlPuebloMaya por todas las injusticias cometidas en su contra.
En #Tihosuco, corazón de la resistencia Maya, se está escribiendo una nueva página de la historia para alcanzar la paz y la reconciliación. pic.twitter.com/GxkL78InDa
— Adelfo Regino Montes (@DEELAYUUK) May 3, 2021
Министерката побара прошка од името на мексиканската влада.
„Денес, во име на мексиканската влада, бараме прошка за неправдата што ви се правеше низ нашата историја и за чија дискриминација сте жртви и денес“, истакна Санчез Кордеро.
Извинувањето до Маите доаѓа во време кога Мексико одбележува 500 години од шпанското освојување и 200 години од својата независност.
Во срцето на отпорот на староседелците се испишува нова страница од мексиканската историја со цел да се постигне мир и помирување.
Иконографијата и мотивите на Маите често се користат во Мексико за привлекување туристи, но најголемиот дел од профитот од туристичките атракции не го достигнува домородното население.
„Знаеме дека имаме голема историја, дека не покажуваат како пример и дека луѓето заработуваат многу пари во наше име, но тие пари никогаш не стигнуваат до нашите заедници“, објаснува активистот Алфаро Џам Канул.
На церемонијата присуствуваше и мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, придружуван од претседателот на Гватемала, Алехандро Џаматеи, во чија земја живеат во моментов повеќето од Маите.