Мексико демантира дека сака да влезе во БРИКС

Изјавата на мексиканското МНР посочува на внимателен, но отворен пристап на земјата кон меѓународните економски соработки

од Бети Божиноска

Министерството за надврешни работи на Мексико вчера ги демантираше наводите дека земјата настојува да му се приклучи на економскиот блок БРИКС, додавајќи дека со интерес го следи развојот на ситуацијата.

„По повод наводите што кружат низ медиумите за наводна кандидатура на Мексико за влез во БРИКС во 2024 година, Министерството за надворешни работи посочува дека таа изјава е неоснована. Мексико нема поднесено барање за приклучување на групата, но со интерес го следи развјот на ситуацијата поради економската тежина на земјите-членки и билатералната трговија што нашата земја ја води со тие земји,“ се вели во соопштението од министерството на социјалните мрежи.

Изјавата на мексиканското МНР посочува на внимателен, но отворен пристап на земјата кон меѓународните економски соработки. Таа, во исто време, повикува и на темелно анализирање на критериумите и мотивациите на земјите кои бараат членство во влијателнте економски групи како БРИКС.

Како втора најголема економија во Латинска Америка, интересот на Мексико за БРИКС ја подвлекува ваноста на диверзификација на трговските партнери и на технолошката соработка.

Сепак, предизвиците и несигурностите околу проширувањето на БРИКС потсилени од актуелниот став на Мексико ја нагласуваат комплексната динамика на глобалната економска интеграција и стратешките калкулации во кои се впуштаат нациите во обид да се усогласат со големите економски блокови.

Меѓународната заедница, во меѓувреме, внимателно го следи променливиот рељеф на економските сојузи и потенцијалнот за нови конфигурации во глобалната трговија и соработка.

Слични содржини