Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

од Илинка Илиоска
20 прегледи

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денес соопшти дека се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР), на која припаѓа и нејзината десничарска партија Браќа на Италија (ФДЛ).

Мелони на годишниот собир на ФДЛ во Рим изјави дека претходно се согласила да го продолжи нејзиниот мандат како претседателка на ЕЦР до изборите за Европската Унија, кои се одржаа во јуни, пренесе АНСА.

„Сега кога се одржаа изборите, мислам дека ја исполнив својата должност и сакам да објавам дека ќе поднесам оставка од функцијата претседател на Европските конзервативци“, рече Мелони.

Слични содржини