Мелони: Тридневното примирје на Путин не е доволно

од Milan1
6 прегледи

Тридневното примирје на рускиот претседател Владимир Путин по повод Денот на победата над фашизмот не е доволно, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во интервју за „Кориере дела сера“, нагласувајќи ја потребата од „праведен и траен мир“.

„Сега Русија е таа што треба да го покаже истото. Затоа што тридневното примирје што Путин го објави за годишнината од победата во Втората светска војна е нешто различно и дефинитивно не е доволно“, рече Мелони.

Инаку, Путин тврди дека руските сили ќе ги прекинат сите непријателства од 8 мај до полноќ на 11 мај, по повод одбележувањето на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа. Украина одговори со повик за целосен и безусловен прекин на огнот, предлог што Москва продолжува да го отфрла.

Во интервјуто, Мелони ја изрази својата поддршка за напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да посредува во постигнувањето мир меѓу Украина и Русија и ја пофали подготвеноста на претседателот Володимир Зеленски за безусловно примирје.

Италијанската премиерка порача дека мирот мора да биде постојан и поддржан од силни безбедносни гаранции. Мелони го повтори својот предлог на Украина да и се обезбедат гаранции од членот 5 на НАТО, дури и ако нема консензус за формалниот влез на Киев во Алијансата.

Во меѓу време Трамп стана сè пофрустриран од застојот на мировните напори, заканувајќи се дека ќе се повлече доколку не се постигне напредок.

Слични содржини