Мерц: Германија не гледа причина да ги ублажи санкциите кон Русија, солидарни сме со Украина

„Доколку војната меѓу САД и Израел во Иран заврши брзо, ќе видиме и релативно брзо враќање во нормалноста на пазарите на нафта и енергенси“ изјави Мерц

од Кристијан Димков
7 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Володомир Зеленски

Германија не гледа причина да ги ублажи санкциите кон Русија, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц, нагласувајќи дека солидарноста со Украина мора да има предност и покрај притисокот од глобалните енергетски пазари.

„Доколку војната меѓу САД и Израел во Иран заврши брзо, ќе видиме и релативно брзо враќање во нормалноста на пазарите на нафта и енергенси. Затоа, нема причина да се размислува за ублажување на санкциите против Русија“, изјави Мерц.

Тој напомена дека соочена со избор помеѓу санкции и солидарност, ставот на Германија е јасен, дека стои зад Украина и е подготвена да издржи таква фаза доколку е потребно.