Мешавината од сол и оцет ја отстранува секоја форма на нечистотија

од Milan1
35 прегледи

Искусните домаќинки користат кујнска сол за различни намени, а своите мали трикови ги споделија на социјалните мрежи.

Против мравки

Можете да користите сол за да ги избркате мравките од вашиот дом. Ставете малку сол на рамката на прозорецот, во аглите на кујната, каде што најчесто ги има.

Полира месинг, сребро и бакар

Ако имате накит, украси или парчиња мебел од овие материјали, одвреме-навреме полирајте ги со сол. Солта е наједноставното некорозивно средство за постигнување сјај. Направете паста од сол и оцет и втријте ја на предметите.

Блескави прозорци

Дамките и нечистотијата од прозорските стакла ќе ги измиете со солен раствор. Во два литра вода измешајте неколку лажици сол, натопете го сунѓерчето и фатете се за работа. Полирајте со сува крпа.

Исчистете го одводот на мијалникот

Измешајте сол и топла вода и истурете во мијалникот. Солта ќе ги стопи наслагите кои го затнуваат одводот и создаваат непријатен мирис.

Пилинг за кожата

Измешајте сол и масло од лаванда за да направите пилинг. Пред туширање, исчистете го телото со оваа смеса. Мртвите клетки ќе се отстранат.

Слични содржини