Мета: Албанија го осудува неоправеданиот напад на Русија врз Украина

од Milan1
197 прегледи

Во нападот на Русија врз Украина, по премиерот Еди Рама реагираше и албанскиот претседател Илир Мета кој на објава на социјалните мрежи остро го осуди и напиша „со Украина во овој мрачен час”.

Тој ја повика Русија да ги прекине воените дејствија против територијалниот интегритет и суверентет на Украина.

„Албанија го осудува неоправеданиот напад на Русија врз Украина, кршејќи го меѓународното право и загрозувајќи г животите на невините цивили. Ја повикуваме Русија да се повлече од воената акција против територијалниот интегритет и суверенитет на Украина! Албанија стои до Украина и нејзиниот народ во овој мрачен час”, напиша Мета.

На последнте случувања прв реагираше премиерот Еди Рама кој преку објава на Твитер напиша дека Албанија се придружува на сојузниците на НАТО и на Европската унија и оти мислите и молитвите се со украинскиот народ.

Слични содржини