Мета: Ме прислушкуваат домашни и странски тајни служби

од Milan1
263 прегледи

Албанскиот претседател Илир Мета одговарајќи зошто ги одложил локалните избори за 13 октомври, а кои претходно ги закажа за 30 јуни, велејќи дека на поранешниот спикер на албанскиот парламент Грамоз Ручи му ги соопштил само основните работи, зашто „неговиот телефон бил прислушуван”.

Мета понатаму рече дека иако е прислушуван нема што да се крие.

– Бев во авион и му се јавив на Ручи да ги откаже локалните избори на 30 јуни. Немав време за лидерска средба со партиите и мислев да разговарам само со Ручи. Се разбира, не му кажав се зашто ми се прислушува телефонот. Прислушуван од сите, домашни и странски тајни служби. Но, јас немам проблем со тоа. Горд сум што немам што да кријам,изјавил Мета.

Тој зборува за односите со опозицската Демократска партија, кога бил лидер на Движењето за социјалстичка интеграција, кога им обезбедил победа на демократите, во 2005 и 2009 годна.

– Имам врска со ПД затоа што сум еден од првите 30 студенти на декемвриското движење, но немам обврска да ја донесам ПД на власт доколку таа не сака. Илир Мета нема должност секогаш да ја носи Демократската партија на власт. Немам должност да ги решавам грижите на Демократската партија, вели тој.

Слични содржини