Фондацијата Метаморфозис, организираше онлајн платформа, денес и утре, преку која ќе се оддржи 16. конференција „е-Општество.мк“. Темата на истата пак ќе биде „Вклученост и ефективност – доброто владеење на интернетот“.
На оваа конференција според најавите свое обраќање ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, евроамбасадорот Дејвид Гир, Кристина Реинсалу, програмски директор за е-демократија во академија за е-владеење и Крис Ворман, виш директор за здружување и вклучување на заедниците.
На оваа конференција ќе се нагласи важноста на доброто владеење, како и улогата на дигиталната агенда за унапредувањето на демократијата и зајакнување на граѓаните. Ќе се обрне внимание на тековните процеси, како и напорите кои се потребни за да се создадат вистински услови за унапредување на дигиталните мрежи и услуги за тие да ги дадат посакуваните резултати.