Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер рече дека предлогот за прекин на огнот во Газа што го претстави американскиот претседател Џо Бајден „е речиси идентичен со оној што Хамас рече дека ќе го прифати пред само неколку недели“ и додаде дека „единственото нешто што го спречува итен прекин на огнот“ Хамас.
Тој додаде дека САД и другите посредници „се уште не добиле официјален одговор на предлогот од милитантната група“.
„Светот треба да знае, палестинскиот народ треба да знае, дека единственото нешто што го спречува итен прекин на огнот е Хамас“, рече Милер, според ABC News.
Тој додаде дека има некои разлики меѓу предлозите што Хамас претходно изјави дека ќе ги прифати, но истакна дека САД, Катар и Египет сметаат дека пречките може лесно да се отстранат.
Минатиот петок американскиот претседател Бајден претстави предлог кој треба да доведе до ослободување на заложниците од Газа и прекин на огнот.