Мицкоски: Изминатите 6 месеци како Влада покажавме дека може да се функционира поинаку- транспарентноста и отчетноста се наш приоритет

од Milan1
10 прегледи

Тука сме да покажеме дека како Влада отчетноста и транспарентноста се наш приоритет, и така ќе продолжиме да функционираме, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

-Нормално веќе шести месец како Влада функционираме секогаш се трудиме да бидеме што е можно повеќе транспарентни. Јас секогаш се трудам да одговорам на сите прашања, нема прашања посакувани или непосакувани, туку секогаш кога сум бил прашан не сум избегнал ниту една тема. Се разбира дека постои простор за подобрување, секогаш постои простор да бидеме подобри. Но, ценам дека до сега покажавме еден поинаков квалитет, дека за нас нема вакви или такви прашања, вакви или такви медиуми, туку буквално како Влада се трудиме да дадеме одговор на секое прашање и на секој медиум кој што ќе допре до нас, потенцира Мицкоски.

Слични содржини