Мицкоски: Очекувам до 28-ми мај да соберам 61 пратеник, „ВРЕДИ“ е кредибилен партнер

од Milan1

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување на Канал 5 рече дека очекува до 28-ми мај да соберам 61 пратеник.

– Очекувам до 28-ми мај да консолидирам како претседател на партијата 61 пратеник. Вие споменавте 58 пратеници или нешто повеќе од 436.000 гласови нешто што до сега е не запаметено на толкава излезеност и на толкав процент на освоени гласови од позиција на опозиција. И ценам дека овој историски резултат можеби многу тешко понатаму би се повторил, рече Мицкоски.

На прашањето дали Изет Меџити ќе биде новиот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека со освојување на 107.000 гласа, коалицијата ВРЕДИ го потврдила својот кредибилитет за да бидат кредибилен партнер на идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.

-Со резултатот кој што го направија од „ВРЕДИ“ со 107.000 гласа, ценам дека тие го потврдија својот кредибилитет и тие можат да бидат кредибилен партнер во идната влада која што ќе ја предводи коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и јас како мандатар, потенцираше Мицкоски.

Слични содржини