Мицкоски во Кавадарци им посака успешна берба на лозарите

од Radmila Tasevska

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска им посака успешна берба на лозарите, па повика сите да дојдат на „Тиквешки гроздобер“.

– Ете и официјалниот почеток на гроздоберот е нели денеска, иако јас ја користам и оваа прилика и да им посакам успешна берба на лозарите нели во периодот кој што следи. Нормално, тие кои што својот труд го вложиле изминатиов период, соодветно да биде и платен тој, истиот труд, од страна на откупувачите. Знаете дека тоа години наназад претставува голем предизвик за оваа Влада, бидејќи секогаш мора со лаги и манипулации да се служи кога станува збор за откупот на трудот на лозарите, рече Мицкоски од Кавадарци.

Тој ги повикува сите граѓани од државата, но и однадвор, денеска и утре да бидат во Кавадарци.

– Да бидат дел од овој спектакуларен настан и да уживаат во добро расположение, со убава енергија. Затоа што убава енергија ни е потребна, убаво расположение ни е потребно. Впрочем да се чувствуваме убаво во денешно време претставува предизвик, а зашто ние денеска и утре да не се чувствуваме убаво. Бидејќи овој карневалски настан нас сите ќе не прави да се чувствуваме убаво, додаде Мицкоски.

Тој кажа дека станува збор за „еден исклучително добар и убав, и би рекол настан кој што го одбележува овој период во овој регион“.

– Како што слушнавте, како што кажа Митко очекуваме да дојдат овде во Кавадарци и одговорно да конзумираат вино, повеќе десетици илјади македонски граѓани. Но, зошто не и од странство, има луѓе кои што сакаат да го посетат овој настан, додаде Мицкоски.

Слични содржини