Мицотакис: Распоредувањето на грчките сили на Кипар е одбранбено

Мицотакис изјави пред грчкиот парламент дека Грција распоредила две фрегати и четири борбени авиони Ф-16 на Кипар, објави „Катимерини“.

од Кристијан Димков
7 прегледи Фото: Фејсбук/Киријакос Мицотакис

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес изјави дека грчките воени сили се распоредени на Кипар „мирно и одбранбено“ како одговор на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и дека нивната единствена цел е да спречат воена акција против медитеранскиот остров.

Мицотакис изјави пред грчкиот парламент дека Грција распоредила две фригати и четири борбени авиони „Ф-16“ на Кипар, објави „Катимерини“.

Тој нагласи дека „Грција е присутна секаде каде што повикува националната должност“ и дека државата ги ставила своите вооружени сили во служба на Грците ширум светот.