Мицотакис: Се очекуваше оваа година да биде климатски тешка, но објективно беше најтешката година во последните 40 години

од Milan1
10 прегледи

Помалку изгорена површина, повеќе пожари, но и потешки услови, според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, ја одбележаа годинешната сезона на пожари во Грција, која како што рече, „од климатолошки аспект, беше најтешка во последните 40 години“.

Мицотакис говореше на расправата во Парламентот посветена на пожарите и иницијативите на Владата за поддршка на погодените, обновување на инфраструктурата и натамошното зајакнување на Цивилната заштита.

Се осврна на податоците велејќи дека „се очекуваше оваа година да биде климатски тешка, но објективно беше најтешката година во последните 40 години“ поради, како што објасни, континуираните натпросечно високи температури, екстремната и долга суша и силните ветрови и додаде дека оваа година имало 9.101 пожар, наспроти 7.163 лани.

-Минатата година беше многу лоша, изгореа 175.400 хектари. Годинава изгореа 44.000 хектари, а просекот е нешто повеќе од 50.000 хектари во последните 20 години. Односно бевме под просекот од последните 20 години, во година која објективно од климатолошки аспект, како што потврдуваат сите експерти, беше најтешка во последните 40 години, рече Мицотакис.

Паралелно истакна дека „проблемот не само грчки, туку е глобален“, посочувајќи дека „тоа, за жал е реалност што доаѓа и ја придружува климатската криза со која се соочуваме.

Слични содржини