Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ присуствуваше на презентацијата на проектот „Урбоглифи – Урботека: 1000 минути Лумиер за Орсон Велс“ и по тој повод даде изјава за медиумите за сите актуелни теми.
Остри критики кон Израел
Тој не пропушти да коментира за конфликтот меѓу Израел и Иран, а неговиот став е малку поинаков од оној на сегашната влада предводена од премиерот Андреј Пленковиќ.
„Израел во моментов е предводен од криминална клика и сака да го вовлече светот во војна“, рече тој.
„Израел може да прави што сака, така е со децении, тоа е сосема јасно. Мислам дека со таква држава и со такво државно раководство не треба да се занимаваме. Тоа е едноставно криминална политика што не води никаде и која, за жал, има поддршка од Вашингтон. Зошто, како е во американски интерес, не знам. Некој сака да предизвика светски конфликт, го прави тоа насилно, корумпирано и со американско оружје“, рече Милановиќ.
„Хрватска треба да ја признае Палестина“, додаде тој.