Црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, денеска изјави дека целта на неговата земја е до 2028 година да стане членка на ЕУ.
Зборувајќи на панелот „Приклучување на Западен Балкан кон ЕУ“ на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2024“ во Прага, Милатовиќ ги потсети присутните дека Црна Гора го започнала преговарачкиот процес со ЕУ уште во 2012 година.
Правејќи паралела со Олимпијадата, Милатовиќ истакна дека мислеле дека пристапувањето во ЕУ ќе биде трка на 400 метри, но се покажало дека тоа е маратон со препреки, што се уште трае.
„Точно е дека ние сме на чело на трката, но секогаш кога разговарам со моите колеги од Европа, велам дека ни е доста од трчање и дека би сакале да стигнеме до последната фаза, а сега целта е да станеме 28-ма членка на ЕУ. Тоа е амбициозна цел, но се надевам дека е и реална цел“, изјави Милатовиќ.
Тој додаде дека смета оти пристапувањето во ЕУ од 2028 година ќе биде многу поголема приказна од рамката на самата Црна Гора, бидејќи тоа ќе биде порака до другите дека приемот е жив, дека процесот на просење е жив.
„Претходната земја од Западен Балкан што влезе во ЕУ беше Хрватска, а тоа беше пред повеќе од 10 години. Сега е моментот, постои моментум, нова надеж и можност и од Брисел и од другите европски метрополи и мислам дека треба да го искористиме тоа“, рече претседателот на Црна Гора на форумот во Прага.