Милиони Германци ќе добијат повеќе пари од јули бидејќи нивните пензии ќе се зголемат за 4,57 отсто. Но, исплатата немас да се случува во исто време.
Добри вести за околу 21 милион пензионери.
Пензиите во Германија од 1 јули ќе се зголемат за 4,57 отсто. Усогласувањето на пензиите се базира на најновите податоци на Сојузниот завод за статистика, Германскиот институт за пензиско осигурување и Федералниот совет.
Пензиите се усогласуваат секоја година во лето, имајќи ги предвид движењата на платите во земјава. За 2023 година, зголемувањето беше 4,39 отсто на запад и 5,86 отсто на исток.
Исто зголемување за запад и исток
Долго време имаше разлика на пензиите за Истокот и Западот. Разликите се намалени од 1 јули 2018 година.
Оваа година година ќе има еднократно зголемување на пензиите за цела Германија. Според Германскиот институт за пензиско осигурување, висината на пензијата се пресметува врз основа на стекнатите пензиски права, познати и како заработувачки поени. Се множи со моменталната вредност на пензијата. Како дел од усогласувањето на пензијата: Вредноста на пензијата повторно се утврдува на 1 јули секоја година.
Но, што всушност се постигнува со зголемувањето? Пензијата од 1.000 евра се зголемува за 45,70 евра од јули 2024 година. Тоа значи дека усогласувањето на пензиите трета година по ред и е над четири проценти што е далеку над инфлацијата.
Ќе се зголемат и пензиите за земјоделците. За нив од 1 јули 2024 година ќе важи општата пензија од 18,15 евра.
Плаќање во различни периоди
Германското здружение за пензиско осигурување посочува дека исплатата на зголемените пензии не завршува на сметките на сите приматели во исто време. Бидејќи точно кога ќе се префрли усогласената пензија зависи од почетокот на земањето на пензијата.