Милошоски: Димитров и Османи се единствени одговорни лица, кои бараат вина во друг

252 прегледи

Во своето гостување во Сител тв, пратеникот Антонио Милошоски, потенцира дека е погрешна одлуката на Пендаровски да не пристапи кон ЕЕЗ.

„На собраниска пленарна седница, треба итна иницијатива од Владата и претседателот на државата, да се направи лидерска средба на која заедно ќе најдеме опција за европски пат. Нашата економија се тесно поврзани со европските земји. Сметам дека патот треба да се продолжи, па оттаму не треба да пропуштиме шанси како што беше понудата од ЕЕЗ“, посочи Милошоски.

Оваа зона има фонд, и тој се користи во оние земји каде е тоа потребно, па оттаму треба да се размисли за чекор напред, смета Милошоски.

Димитров и Османи, според Милошоски се клучни во овој процес. Наместо да ја бараат вината кај себе, како што вели Милошоски, тие бараат вина во некој друг.

Слични содржини