Милошоски: Немам друго државјанство освен македонското, и нема ниту да имам

251 прегледи

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во своето гостување на 10 минути, посочи дека нема друго државјанство освен македонското.

„Освен македонското државјанство никогаш сум немал ниту пак имам намера да имам било какво државјанство бидејќи македонското државјанство е мојата лојалност и мојата политичка определба“, истакна Милошоски.

Милошоски додава дека во 2015 година при акција кога во една куќа беа пронајдени апарати за фалсификување на документи, вели дека тогаш имало обид да се направат фалсификати за одредени лица во ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини