Милошоски: Во Европа, Македонија е на високото седмо место по смртност како последица од Ковид 19

258 прегледи

Во пресрет на високите бројки на новозаразени и смртноста како резултат на Коронавирусот, опозицискиот пратеник, Антонио Милошоски се огласи на својот фејсбук профил и вели:

Во рамките на Европа, за жал Македонија е на високото 7мо место по смртност, со 831 починати на 1 милион жители‼️ Ваквиот трагичен биланс на премногу изгубени животи во голем дел се должи на лошото менаџирање на пандемијата од страна на министерот за здравство и неговиот прв советник Д-р Караџовски, пишува на Фејсбук Антонио Милошоски.

За споредба податоците од соседните држави се следни:

Бугарија 541
Албанија 277
Грција 223
Србија 178 починати на 1М жители.

Слични содржини